Се погласни се шпекулациите дека дефанзивниот фудбалер за врска на Ливерпул, Рајан Гравенберх, ќе си замине од „Енфилд роуд“ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Раководството на „црвените“ во 2023-тата го плати 40 милиони евра на Баерн Минхен, а токму толку е и сумата која се подготвени да ја платат „кралевите“ за холандскиот фудбалер.
Во Ливерпул не се премногу загрижени за неговото заминување, бидејќи замената за него треба да биде друг холандски фудбалер, кој треба да пристигне од најголемиот ривал на Реал, Барселона. Се работи за Френки де Јонг, кој се очекува да потпише за Ливерпул, што би било и на големо задоволство на раководството на „каталонците“, бидејќи веќе подолг период се обидуваат да се ослободат од него.