18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Фудбалер на Манчестер сити му порачал на Гвардиола дека не сака да игра против Реал Мадрид

Манчестер сити за неполна седмица успеа да ги сврти работите во своја корист, стана лидер на табелата во Премиер лигата и во четврфиналниот реванш-натпревар во ЛШ против Реал Мадрид ќе игра пред своите гледачи, но пеколниот распоред му создава големи главоболки на менаџерот Хосеп Гвардиола.

Гвардиола ги шокира навивачите со изјавата дека еден од најважните играчи на Сити, Родри, се пожалил на замор и не сакал да игра в среда, на реваншот против Реал Мадрид.

Гвардиола го одмори Родри на саботниот дуел на Сити против Лутон (5:1) во Премиер лигата, но фудбалерот побарал да биде поштеден и за дуелот со Реал Мадрид.

„На Родри му беше потребен одмор и ми рече дека ќе сака да одмора и за дуелот против Реал Мадрид“, изјави Гвардиола.

Англиските медиуми тврдат дека Гвардиола нема да му ја исполни желбата на Родри, кој би требало да биде дел од спектаклот против Реал Мадрид, а потоа ќе му даде подолг одмор.

- Оглас -

Најнови вести