Фудбалер на Реал Мадрид со пица во рака се прошета пред новинарите во прес-зоната(ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го задржа максималниот учинок во Лигата на шампионите откако вчера го совладаа Шахтар со 2:1, а фудбалерите на свој начин ја прославија победата, но притоа дел од нив беа уловени од камерите.

Тренерот Карло Анчелоти одлучи да одмори неколку стандардни фудбалери, а меѓу нив беше и Антонио Ридигер, кого камерите по натпреварот го фатија во необично издание.

Додека новинарите ги чекаа фудбалерите на двете екипи во прес-зоната, Ридигер се прошета со пица во рацете.

- Оглас -

Најнови вести