Интересна ситуација имаше викендов на мечот од италијанската Серија А помеѓу Торино и Удинезе.
Фудбалерот на Биковите, Алесандро Бонџорно, сакаше да добие жолт картон, кој би значел негова суспензија за следниот натпревар и се трудеше да изнуди картон со соблекување на дресот, но судијата не го казни.
Бонџорно сакаше да добие суспензија и да не може да игра против Венеција, а потоа да се врати чист за дербито со Јувентус. Но, вака ќе мора да пази да не пожолти против Венеција доколку сака да биде во составот против Јуве.
https://twitter.com/i/status/1490702340688650241