3.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Фудбалер ѝ предложи брак на девојката после меч, три дена подоцна раскинаа

Костариканскиот фудбалер Дериксон Кирос, член на гватемалскиот клуб Кселаху, објави дека неговата свршувачка е раскината – само три дена откако клекна на едно колено пред својата избраничка која ја побара за жена!

Видеото од моментот во неделата, запечатено со прегратка и страсен бакнеж на теренот, се прошири низ социјалните мрежи со брзина на светлината, а честитки пристигнуваа од сите страни. Бајката траеше кратко.

Само три дена подоцна, Кирос се огласи на својот Инстаграм профил и потврди дека свршувачката е раскината.

„Вистина е дека мојата врска е завршена. Ова е тешка лична ситуација, како и секое раскинување, но сакам да пристапам кон неа со почит и зрелост. Нема да зборувам лошо за никого, ниту да навлегувам во детали, бидејќи тоа беше врска што ми беше многу важна во тој момент. Во моментов сум фокусиран на мојот тим и на растот како личност. Ја ценам поддршката од сите вас и се надевам дека ќе го почитувате овој момент“, напиша фудбалерот.

Од друга страна, сега веќе поранешната свршеница која се вика Венди остави простор за многу шпекулации за тоа што всушност се случило зад затворени врати.

Никогаш нема да има подобар одговор од тишината“, напиша таа, оставајќи ги фановите и следбениците да шпекулираат.

- Оглас -

Најнови вести