Фудбалер се фотографира со навивач кој му посакуваше смрт, па му испрати порака преку социјалните мрежи

Екипата на Унион Берлин во саботата го победи Волфсбург со 1-0 на домашен терен, а германскиот репрезентативец Робин Госенс вчера раскажа интересна случка од саботата.

„Во саботата по натпреварот весело истрчав кон излезот на стадионот, ја отворив вратата и видов навивачи кои сакаа да се фотографираат со мене. Со задоволство по победата се фотографирав со нив. Но, еден од луѓето ми беше познат, но не можев да се сетам од каде. Додека со автомобилот патував кон дома, ми текна. Тоа беше момчето кое ми посака смрт по натпреварот со Мајнц бидејќи при поздравувањето со навивачите сум направил ‘погрешен’ израз на лицето“, вели Госенс.

Младиот навивач по натпреварот со Мајнц му напишал на Госенс: „Твоето семејство треба да умре заедно со тебе. Не ни требаат луѓе како тебе на овој свет.“

Госенс тврди дека е сигурен дека тоа е токму тој бидејќи секогаш кога има навредливи коментари, ги отвора нивните профили на социјалните мрежи за да види кој го навредува.

- Оглас -

Најнови вести