Фудбалери на аргентиски тим завршија во притвор поради сексуален напад

Четворица фудбалери на аргентинскиот тим Велес Сарсфилд, кои се обвинети за сексуален напад, завршија во 48-часовен полициски притвор на барање на обвинителството.

Во притвор се наоѓаат репрезентативците на Уругвај, Себастијан Соса, и на Парагвај, Хосе Флорентин, како и Аргентиците Брајан Куфре и Абиел Осорио.
Згора на тоа, тие се исфрени од тимот и тоа веднаш откако случајот беше објавен во медиумите на почетокот од месецов.

 

Тие се тужени од 24-годишна спортска новинарка која пред обвинителите дала изјава дека била нападната од фудбалерите на трети март во хотелска соба во Тукуман, во градот во кој гостувал Велес на дуелот со Атлетико. Таа во собата била повикана од  Себастијан Соса, а во неа биле сите четворица обвинети фудбалери.

„По неколку пијалоци, почна да се чувствува лошо, и се вртеше, па легнала на еден од креветите и тогаш без нејзина согласност била силувана“, стои во тужбата.

- Оглас -

Најнови вести