23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Фудбалери на две репрезентации плаќале за да бидат дел до Мундијалот во Катар

Фудбалери на две африкански селекции плаќале за да се најдат на списоците на селекторите за настап на Светското првенство во Катар, открива шпанскиот новинар Роман Молина. Според Молина, се работи за играчи кои беа дел од селекциите на Камерун и Гана.

Шпекулациите околу малверзациите во врска со списоците на играчите започнаа кога селекторот на Камерун Ригоберт Сонг го соопшти списокот на играчи кои ќе патуваат во Катар. Имаше играчи на кои Сонг не можеше да им ги прочита имињата и презимињата како прв пат да ги слуша.

Изненадување беше дека на списокот се најдоа Џером Нгом Мбекели и Суаибу Мару кои до почетокот на СП имаа одиграно само по три меча во националниот дрес.

https://twitter.com/i/status/1590695203689857024

„Одредени фудбалери на Камерун и Гана плаќале за да играат на Светското првенство. Некои од нив платиле и за тоа само да бидат дел од списокот на Мундијалот“, пишува Молина.

Кај Гана наводно играчот кој платил за да биде во составот е Баба Рахман кој сака да си обезбеди трансфер од Челзи, за да ја спаси кариерата. Со внесувањето на Рахман во тимот, место немаше за Џефри Шлуп од Кристал Палас.

Од африканските селекции, единствено Мароко е дел од четвртфиналето, каде за противник ја чека Португалија.

- Оглас -

Најнови вести