Македонските фудбалери ја израдуваа цела нација со победата над Косово и пласманот во финалето од плејофот за пласман на Европско првенство. Победа од 2:1 во меч на кој Македонија беше многу подобра селекција.
https://twitter.com/CTrajceska/status/1314334291342450688
Освен на теренот, нашите фудбалери покажаа дека знаат да „грмат“ и надвор од стадионот. По завршување на мечот, славењето продолжи најпрво во автобусот, а потоа и пред хотелот, каде што беа дочекани со тапани и зурли. Ечеа „Едно име имаме“, „Бисер балкански“ и други македонски хитови.
Еден од највеселите беше Стефан Ристовски, творецот за првиот погодок против Косово. Ристовски затропа на тапанот, а Алиоски ја фати гитарата.
Македонија заслужи да се радува!