21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Фудбалерите кои ќе играат во Суперлига, нема да може да играат за своите репрезентации!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) жестото ќе се бори да нема промени во фудбалскиот свет каков што го познаваме досега. Дури 12 европски гиганти ноќеска потпишаа договор според кој формираа нова Суперлига и одвојување од натпреварувањата на УЕФА, Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Засега клубови од три европски фудбалски моќни земји влегоа во овој приватен проект (Англија, Шпанија, Италија), а се чека согласност и од Германија и Франција, односно од Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен.

Против оваа одлука за формирање нова Суперлига се голем дел од навивачите и фудбалските легенди. Сер Алекс Фергусон коменитраше дека фудбалот се вратил 70 години назад, додека Гери Невил остро побара неговиот Манчестер јуанјтед, како и Ливерпул и Арсенал, да бидат исфрлени од Премиер лигата.

По соопштението за формирањето на Суперлига, со контраодговор се јавија од УЕФА. Европската фудбалска куќа се закани дека сите оние кои ќе бидат дел од новоформираното првенство, ќе бидат исфрлени од натпреварувањата на УЕФА. Тоа важи како за клубовите, така и за играчите.

„Ќе разгледаме кои мерки ни се достапни на секое ниво, како правосудни, така и спортски. Мора да го спречиме ова да се случи. Фудбалот се темели на отворени натпреварувања и по спортски заслуги. Не може поинаку. Како што претходно најавија ФИФА и шесте федерации, на клубовите ќе им биде забрането учество во сите натпреварувања на домашно, европско и светско натпреварување, а фудбалерите нема да смеат да играат за своите репрезентации“, стои во соопштението на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести