Исфрлете ги Jунајтед, Ливерпул и Арсенал од лигата, дајте му ја титулата на Барнли!

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил, беше еден од првите кои јавно ги искажа своите негативни ставови за новоформираната фудбалска Суперлига во која треба да бидат најголемите клубови во Европа. Невил вели дека треба екстремно да се постапи кон неговиот Манчестер јунајтед, кон Арсенал, Ливерпул и сите оние кои сакаат да се оделат од УЕФА натпреварувањата.

„Ова е срамота. Навивач сум на Јунајтед веќе 40 години и сега сум згрозен. Ми се гади од одлуката на Јунајтед и Ливерпул. Тој Ливерпул е клуб на народот, на навивачите… Јунајтед го создадоа работниците, а сега тој клуб сака да оди во лига каде што не може да испадне. Тоа е срамота. Сопствениците на овие клубови немаат допирна точка со фудбалот во Англија. Навивачите треба да бидат заштитени. Не сум против пари во фудбалот, јас сум заработил многу од фудбалот, а и сега вложувам пари во фудбалот, но постојат некои принципи. Ако Лестер ја освои Премиер лигата, нормално дека треба да биде во најсилната лига. Јунајтед не е дел од Лигата на шампионите, Арсенал не е, ниту Тотенхем не е, а тие сакаат да бидат таму и да не може да испаднат. Ова е циркуз“, вели разочараниот Невил.

Некогашниот дефанзивец, кој сега работи и како фудбалски аналитичар, вели дека овие шест клуба кои се делат треба екстремно да бидат казнети.

„Јунајтед и останатите пет клуба кои се пријавиле да бидат дел од Суперлигата треба да се срамат. Треба да им бидат одземени бодови, парично да бидат казнети. Ова е криминал. Ова е казнено дело против љубителите на фудбалот. Дајте му ја титулата на Барнли, Фулам не треба да испадне од лигата. Исфрлете ги Јунајтед, Ливерпул и Арсенал! Тие сакаат да играат меѓу себе, а останатите 14 клуба во Англија да ги гледаат како се натпреваруваат во домашното првенство“, огорчено коментираше Невил.

И легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, го нападна својот омилен клуб. „Ливерпул, каква срамота станавме! Сетете се на сите оние кои и пред нас биле дел од овој клуб и сега се срамат“, напиша Карагер, кој 17 години го носеше дресот на Црвените од „Енфилд роуд“ и има 737 настапи.

 

- Оглас -

Најнови вести