Екипата на атинскиот АЕК пристигна во Загреб, каде што за време на целиот престој ќе биде под силно полициско обезбедување поради случувањата во минатата недела, кога во инцидентот кој го предизвикаа навивачите на Динамо загина еден фан на АЕК.
Во составот на АЕК е и хрватскиот репрезентативец Домагој Вида, кој пред една деценија играше за Модрите и ова ќе му биде прво гостување против својот ексклуб и ќе почувствува како е да се гостува на непријателска атмосфера на „Максимир“.
УЕФА забрани присуство на грчки фанови во Загреб, но така беше и за мечот кој требаше да се игра во Атина, па хулиганите се снајдоа и направија хаос.