Фудбалерите на Арсенал како манекени на покривот од стадионот го промовираа новиот дрес (Фото)

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал денеска го промовираше новиот дрес за следната сезона. Во улога на манекени беа Пјер-Емерик Обамејанг, Александр Лаказет и Давид Луиз. Тројцата фудбалери се качија на конструкцијата од стадионот „Емирати“ и позираа во новиот дрес.

Интересно е што за сите тројца фудбалери кои беа избрани да го промовираат новиот дрес се шпекулира дека во летниот преоден ќе си заминат од Арсенал. Дали Топчиите со овој потег сакаат да демантираат заминување на Обамејанг, Лаказет или Луиз, ќе покаже летниот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести