Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид тренираат одвоено дури и во репрезентацијата! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Шпанија се подготвува за натпреварите од мартовскиот прозорец од квалификациите за Европското првенство следната година. Напнатоста помеѓу играчите на Барселона и Реал Мадрид по меѓусебната пресметка изминатиот викенд се чувствува дури и на тренинзите на репрезентацијата. Затоа играчите на двете екипи тренираат во посебни групи, со цел да се избегнат тензии.

Од екипата на Барселона во шпанската репрезентација се повикани Гави и Алехандро Балде, додека од Реал Мадрид се Дани Карвахал, Начо и Дани Себаљос.

Квалификациите за Европското првенство репрезентацијата на Шпанија ќе ги отвори со домашен дуел против Норвешка, а потоа ќе гостува во Шведска.

- Оглас -

Најнови вести