26.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Фудбалерите на Барселона прифатиле да се им се намалат платите

Фудбалерите на Барселона прифатиле да им се намалат платите додека сезоната во Шпанија, а и во цела Европа е во застој. Клубот нема никакви приходи со оглед на тоа дека натпреварите во Ла Лига не се одржуваат, истото важи и за Лигата на шампионите.

Одлуката ја донела управата по разговор со четворицата капитени, Лионел Меси, Жерарт Пике, Серхио Бускетс и Серхи Роберто, додека овие информации во јавноста ги изнесе каталонскиот весник „Мундо Депортиво“. На овој начин Барселона ќе се обиде да надополни барем дел од загубите кои ги трпи во овој период.

Воедно, утре е денот кога челниците на Ла Лига заедно со прволигашите ќе одлучуваат кога, односно дали воопшто сезоната ќе се продолжи, а треба да се земе во предвид дека невозможно е да се предвиди до кога ќе трае пандемијата со коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести