Фудбалерите на Лестер отказот на менаџерот Стив Купер го прославија во ноќен клуб (Видео)

Лестер го разреши менаџерот Стивен Купер, а поразот од Челзи со 1-2 на стадионот „Кинг Пауер“ беше последниот удар за Велшанецот. Инцидентот што следуваше само го заостри впечатокот – фудбалерите на Лестер наводно го прославиле неговото заминување.

Според информациите од Островот, само неколку часа пред Купер да добие отказ, играчите на Лестер заминале во ноќен клуб во Копенхаген. На забавата, меѓу присутните биле Јаник Вестергор, Виктор Кристијансен и Хари Винкс, кои, наводно, јавно го изразиле жалењето за заминувањето на поранешниот менаџер Енцо Мареска.
Италијанецот летово го презеде Челзи и токму тој го водеше тимот што го порази Лестер.

На забавата, фудбалерите дури поставиле натпис „Енцо, ни недостасуваш“, што само го потврдува незадоволството од назначувањето на Купер. Англиските медиуми тврдат дека Купер не успеал да се поврзе со соблекувалната, која се свртела против него само по 12 натпревари.

Ова однесување на фудбалерите предизвика гнев кај навивачите на Лестер, кои го оценија како недостојно за клубот и за статусот на професионални спортисти.

Во меѓувреме, клубот разгледува неколку кандидати за нов менаџер, а главни имиња се поранешниот тренер на Челзи, Греам Потер, и искусниот Дејвид Мојс, кој има искуство од Вест хем и од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести