Наполи вечерва го игра еден од најважните мечеви во клупската историја. Тимот се бори за првпат да обезбеди место во полуфинале од Лигата на шампионите, а за тоа да се исполни, вечерва мора да го победи Милан.
Росонерите во Наполи допатуваа со предност од 1:0, а сега ќе ги очекува пеколна атмосфера на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Навивачите на Наполи се познати по својот фанатизам, што го потврдија уште еднаш, и тоа ноќеска.
Пред хотелот во којшто беа сместени фудбалерите на Милан се собрале група симпатизери на Наполи и таму останале цела ноќ. Со пеење, свирење и друг вид галама, навивачите се обидувале да не им дозволат на гостинските фудбалери добро да се наспијат пред вечерашниот меч.
جماهير نابولي امام فندق ميلان، يبدو ان هذا الوضع سيستمر حتى وقت متأخر جدا من هذه الليلة pic.twitter.com/64jgYMAA89
— حسين ياسين – Hussein Yassin (@HusseinY22) April 17, 2023