Фудбалерите на Реал Мадрид и Баерн Минхен вечерва ќе ги одиграат одлучувачките 90 или 120 минути, кои ќе го дадат противникот на Борусија Дортмунд за големото финале на „Вембли“ во Лондон. „Кралевите“ се во мала предност, пред се поради тоа што успеаја да останат непоразени на првиот меч и одиграа 2-2.
Ако Реал вечерва помине, последна пречка до трофејот ќе им биде Борусија Дортмунд, а ако успеат да дојдат до трофејот, тогаш ги чека вистинско богатство. Раководството на клубот ја одреди премијата за фудбалерите и членовите на стручниот штаб, која изнесува нешто помалку од 40 милиони евра.
Секој фудбалер на Реал Мадрид за освојување на трофејот ќе добие по 1.4 милиони евра, што е за 500.000 евра повеќе од премијата која ја добија во 2022-рата година. Нема официјална потврда колку ќе изнесува наградата за членовите на стручниот штаб, но и таа ќе биде далеку повисока од 2022-рата.