Фудбалерите на Тотенхем му вртат грб на Игор Тудор

Хрватскиот стратег Игор Тудор пристигна во Тотенхем и забележа четири порази во низа, а најмногу загрижи како тимот загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Тоа беше шести последовен пораз за Тотенхем, нешто што никогаш претходно не им се случило во историјата на клубот.

Меѓутоа, причината за незадоволството на навивачите кон новиот тренер не е само резултатот, туку неговиот пристап кон голманот Кински, кого го замени само по 17 минути игра, што предизвика бурни реакции кај многу фудбалски стручњаци.

Наводно, еден од играчите на Тотенхем исто така побарал од тренерот да го замени голманот, на што Тудор се согласил.

Според британскиот „Тајмс“, кој важи за многу доверлив извор, некои играчи на Тотенхем му го свртеле грбот на тренерот, што значи дека многу брзо би можел да добие отказ. Фудбалерите се чувствуваат предадени од новиот менаџер, кому и резултатите не му одат од рака.

Се чини дека Тудор нема уште долго да потрае во Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести