Фудбалерите се на аеродром и чекаат полетување, во Тбилиси ги чека „пекол“ од 30 степени (Фото галерија)

Македонската фудбалска репрезентација е во очекување на полетувањето кон Тбилиси, каде што в петок игра меч со Грузија од Лигата на нациите.

Фудбалерите, стручниот штаб и сите останати од експедицијата која ќе биде во авионот, веќе пристигнаа на скопскиот аеродром и го очекуваат летот со кој вечерва треба да пристигнат во грузиската престолнина.

Инаку, во Тбилиси е многу потопло отколку во Скопје, температурите се за десетина степени повисоки од тука, се надеваме дека промената на времето нема да има негативно влијание.

Пеколно ќе биде и в петок, но не толку од високите температури, колку од атмосферата која ќе ја создадат десетиците илјадници грузиски фанови.

Екипата на Благоја Милевски знае што ја чека, многумина од нив веќе играле во Тбилиси, па мирно се чека заминувањето за Грузија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести