Фудбалерите се сместија во центарот на Букурешт, од некои соби има поглед на најтешката зграда на светот (Фото)

Македонската фудбалска експедиција пристигна во Букурешт, а бидејќи Црвено-жолтите се прва селекција која дојде во главниот град на Романија, привлекува големо внимание и во романските медиуми. Украинците треба да стигнат подоцна попладнево, додека Австријците ќе дојдат во Букурешт дури в петок.

Рисовите ќе тренираат на стадионот на Стеауа, а ќе бидат сместени во хотелот „Мериот Гранд хотел“ во центарот на Букурешт. Хотелот е во непосредна близина на огромниот Парламент, кој е втора најголема административна зграда на светот и најтешка градба на светот. Националната арена на која ќе се играат мечевите е на околу 7,5 километри од хотелот.

Инаку, уште при влезот во лобито и мермерните скали се гледа раскошот, а од некои соби се гледа и спектакуларната зграда на парламентот.

Нашите фудбалери ќе имаат одлични услови. Може да се забавуваат со играње фудбалче на маса, да се релаксираат со пливање во базенот, а ќе ги користат услугите и на модерниот фитнес-центар за вежбање.

- Оглас -

Најнови вести