Македонските фудбалски репрезентативци ги одработија сите подготовки и тренинзи и само се чека стартот на мечот против Лихтенштајн, на арената „Тодор Проески“ за помалку од 24 часа.
Во пресрет на мечот, наште фудбалери го одработија последниот тренинг. Селекторот Благоја Милевски потенцираше дека сите играчи се здрави и подготовени да го дадат максимумот.