Трагедија: На сред меч во српското првенство почина некогашниот тренер на Шкупи

На дуелот меѓу Младост Лучани и Раднички Крагуевац се случи голема трагедија. Додека траеше мечот, ненадејно му се слоши на теренерот на Раднички Крагуевац, Младен Жижовиќ, кој подоцна почина. Жижовиќ имаше 45 години, а беше поранешен тренер на Шкупи.

Жижовиќ, кој го презеде Раднички пред десет дена, се сруши покрај клупата во 22-рата минута од натпреварот. Брзата помош веднаш го однесе тренерот на клубот од Крагуевац, а дваесет минути подоцна натпреварот беше прекинат по пристигнувањето на најтажната вест.

Повеќето фудбалери ја ставија раката на глава, исто како и тренерите на клупите, додека помошниот тренер на Раднички, Бојан Пузигача, буквално падна на тревникот.

- Оглас -

Најнови вести