21.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Фудбалерите со албански пасош во Италија ќе настапуваат како домашни играчи

Фудбалерите кои поседуваат пасош на Албанија од идната сезона ќе настапуваат како домашни играчи во Италија. Оваа информација ја сподели претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Армандо Броја, откако во текот на оваа година се одржаа неколку состаноци помеѓу него и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина.

Тоа значи дека од следната сезона играчите од Албанија нема да влегуваат во квотата на играчи кои доаѓаат од земјите кои се надвор од Европската унија, што ќе биде дополнително олеснување и за фудбалерите и за италијанските клубови.

Сепак, ова може да создаде и дополнителен проблем со зголемен број на барања за издавање на албански пасош на фудбалери кои не се од оваа земја.

- Оглас -

Најнови вести