Фудбалерите желни да му се докажат на селекторот: Против Саудиска Арабија ќе покажеме дека Милевски може да смета на нас

Фудбалската репрезентација на Македонија в сабота од 16.30 часот во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија.

Бидејќи овој термин не е во календарот на ФИФА, селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на интернационалците и дуелот со учесникот на Мундијалот во Катар ќе го искористи да ги тестира фудбалерите што играат во домашниот шампионат.

Репрезентацијата веќе пристигна во Абу Даби и го одбработи првиот тренинг, а фудбалерите се желни за докажување пред селекторот и еден од нив е играчот на Работнички, Методија Максимов.

„Ги започнуваме подготовките во Абу Даби, се спремаме за дуелот со Саудиска Арабија. Тоа е силна репрезентација, што е добар тест и за нас да докажеме дека вредиме и дека селекторот може да смета на нас. Се надевам дека во сабота сите ќе го дадеме максимумот за да докажеме колку вредиме“, вели Максимов.

Адут на Милевски во нападот ќе биде Влатко Стојановски, кој изминатиот викенд постигна два гола за Шкендија во победата од 4:2 над Работнички.

„Ова е еден тест-натпревар како за нас така и за нив. Мислам дека тие се квалитетна репрезентацција која ќе насапи на СП во Катар и очекувам еден добар и квалитетен натпревар. Мислам дека сите играчи ќе го дадат својот максимум и ќе му докажат на селекторот дека може да смета на нив и на следните натпревари“, вели Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести