Женската фудбалска репрезентација на Замбија се соочи со огромен проблем пред почетокот на настапите на Африканското првенство затоа што нивната најдобра фудбалерка, Барбра Банда, не доби дозвола да игра бидејќи не го минала тестот за верификација на полот.
Кај Банда, која е висока 180 сантиметри, било утврдено прекумерно присуство на хормонот тестостерон, поголемо од дозволеното за женски спорт според прописите во Замбија.
Банда е важен играч за селекцијата на Замбија, на Олимиските игри на два меча имаше хет-трик и тоа ѝ помогна да направи трансфер во кинескиот клуб Шангај Шенгли.