Но, сега Ѓан ги разочара Мурињо и клубот и доби суспензија бидејќи излегол во дискотека без дозвола од Португалецот и од раководството на Рома.
Ѓан во моментов е повреден и наместо да закрепнува и да одмора, тој излегол без дозвола, а ќе биде префрлен во примавера тимот.
Не е јасно дали Ѓан ќе биде дел од младинскиот тим на Рома до крајот на сезоната или пак ќе биде повикан повторно во првиот тим. Италијанските медиуми тврдат дека Мурињо е посебно разочаран од фудбалерот кого, според нив, тој го смета за многу близок.