Мурињо е човек од збор: Си го исполни ветувањето и му купи патики на фудбалерот кој ја победи Џенова (ВИДЕО)

Како кажа, така и направи.

Жозе Мурињо го исполни ветувањто кон младиот фудбалер на Рома, Феликс Афена Ѓан и ги купи патиките во вредност од 800 евра.

Португалскиот тренер денеска во клупските простории на римскиот тим му ги врачи скапите патики на младиот играч, којшто беше прилично возбуден.

За потсетување, Мурињо му ветил на Ѓан дека ако постигне гол против Џенова, ќе му ги купи патиките.

Тој влезе во второто полувреме и успеа да постигне дури два погодоци, со што донесе драгоцени три бода за Римската волчица.

- Оглас -

Најнови вести