Злосторството кое ја потресе Италија го доби епилогот, поранешниот фудбалер Џовани Падовани е осуден на доживотна казна затвор поради убиство на својата девојка.
Падовани во август 2022 година пред нејзиниот дом во Болоња со чекан ја претепал до смрт својата девојка, манекенката Александра Матучи, која починала во болница.
„Не, Џовани. Немој, те молам“, рекоа сведоците на судскиот процес кои слушнале што се случувало пред станот на Матучи.
Падовани и Матучи биле во врска околу една година, но живееле одвоено бидејќи Александра била во Болоња, а поранешниот фудбалер во Сицилија.
Според сестрата на Александра, Стефанија, двојката имала кавга во јануари 2022 година, а откако ја прекинале врската, Падовани постојано ѝ досадувал со пораки и повици, поради што манекенката го пријавила во полиција поради малтретирање.