-2.2 C
Skopje
сабота, 10 јануари 2026

Фудбалерот кој загина, ја доби наградата за гол на месецот во Англија (Видео)

Несекојдневна тажна приказна доаѓа од Англија. Фудбалерот Етан Меклеод ја доби наградата за најдобар гол за декември во шестата лига по ранг во англискиот фудбал, но за жал нема да може да ја подигне, затоа што загина во сообраќајна несреќа.

Меклеод смртно настрада возејќи го својот автомобил додека се враќаше од натпревар. Кобната несреќа се случила на автопатот М1 на 17 декември и тоа само седум дена откако Меклеод беше јунак на Меклесфилд.

Тогаш, Меклеод постигна гол со глава израмнувајќи на 2:2 и неговиот тим освои бод во дуелот против Кинг Лин Таун. Јасно е дека со оваа награда за најдобар гол во декември, едноставно се оддава почит кон трагично загинатиот играч.

Меклеод имаше само 21 година, а беше фудбалер кој потекна од школата на Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести