Фудбалерот на Барселона ја „отвори душата“ и упати критики до соиграчите

Барселона претрпе тежок пораз пред своите навивачи од Пари Сен Жермен со 1:4 и затоа е елиминирана во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант водеше со 1:0 кога Араухо доби црвен картон и мораше предвреме да го напушти теренот.

ПСЖ максимално ја искотисти бројчаната предност и во продолжение постигна дури четири гола за убедлива победа и пласман во полуфиналето. Додека тренерот на Барселона, Чави Ернандес, вината за поразот ја бара во судијата и одлуките кои ги донесе делителот на правдата, еден од најискусните во редовите на каталонскиот гигант, Илкај Гундоган, има друго видување.

„Многу сум разочаран. Сѐ беше во наши раце и му го подаривме на ПСЖ. Се предадовме на најлесен можен начин“, рече Гундоган, кој не ги штедеше соиграчите и упати критики.

Гундоган вели дека не е сигурен дали стартот на Араухо бил за исклучување, но потенцираше дека дефанзивецот морал да биде повнимателен, посебно во „клучните моменти“.

„Мораш да бидеш сигурен дека одиш на топка. Јас лично многу би оставил ситуација еден на еден и би му дозволил на голманот да се обиде да одбрани, па дури и да прими гол“, вели Гундоган, кој беше разочаран и од реакцијата при вториот гол што го постигна Витиња.

„Направивме уште една грешка при голот на Витиња. Требаше да го затвориме просторот. Да блокираме. Витиња остана слободен. На тренинг ги тренираме тие работи и се знае дека играчот кој е најблиску, треба да блокира. Никој не излезе да блокира и тоа е разочарувачки“, потенцира Гундоган.

За пеналот што го направи Кансело, Гундоган само искоментира дека тоа е „Грешка во најмалку посакуван момент“.

- Оглас -

Најнови вести