Екипата на Ливерпул дојде до значајна победа од 0-1 на гостувањето кај Нотингам форест, со која остана на лидерската позиција на табелата во Премиер лигата. Навивачите на домашната екипа буквално полудеа и тргнаа да се пресметаат со клупата на Црвените откако голот за победа беше постигнат по истекот на судиското продолжение, а во разулавената толпа се најде и едно шестгодишно момче со неговата мајка.
Фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон го забележа тоа и веднаш притрча и го внесе момчето на тревникот, кое беше целото облеано во солзи. Шкотскиот интернационалец веднаш стана херој на Островот за својата постапка, со која ги воодушеви сите.
https://twitter.com/ianyoungkop/status/1764473861838422233?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1764473861838422233%7Ctwgr%5Eb403d047be7ae051a799e846c07b405ac4d30056%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fnogometas-liverpoola-snimljen-kako-spasava-uplakano-dijete-s-tribine-tokom-haosa-u-premiershipu%2F240305148
Малиот шестгодишен фан на Нотингам имаше прилика да прошета на теренот со фудбалерите на Ливерпул, но и да се слика со Јирген Клоп. Како спомен од случката ќе му остане дресот на Харви Елиот.
https://twitter.com/asim_lfc/status/1763977121657991538?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1763977121657991538%7Ctwgr%5Eb403d047be7ae051a799e846c07b405ac4d30056%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fnogometas-liverpoola-snimljen-kako-spasava-uplakano-dijete-s-tribine-tokom-haosa-u-premiershipu%2F240305148