Австрија ќе биде драстично ослабена на Европското првенство бидејќи Давид Алаба ќе го нема во составот. Најславниот фудбалер во оваа селекција на Австрија заработи тешка повреда откако ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и нема шанси да биде подготовен за настап на континенталниот собир.
Сепак, многу веројатно е дека Алаба ќе биде на ЕП, и тоа како член на стручниот штаб кај селекторот Ралф Рагник.
🚨 NEW: David Alaba will likely be part of Austria’s technical staff during Euro 2024. @Rodra10_97 #rmalive 🔴 pic.twitter.com/f4DPrbPTc1
— Madrid Zone (@theMadridZone) May 15, 2024
Алаба е фудбалер кој знае како се освојуваат трофеи. Како играч на Баерн Минхен и Реал Мадрид може да се пофали дури со 35 пехари. Во дресот на австриската репрезентација има 105 настапи во кои постигнал 15 голови.