Фудбалерот предолго се тушираше, па го заборавија и мораше сам да се снајде за да се врати 1.600 километри до дома

Неверојатна ситуација се случи по завршувањето на мечот меѓу Маниса и Ерзурумспорт во турската Прва лига. Дуелот заврши без голови, а во главна улога беше гостинскиот напаѓач Арон Самуел Оланаре, и тоа не поради играта на теренот, туку поради тоа што се случи по завршување на средбата.

Гостинскиот тим дома си замина без нигерискиот фудбалер, и тоа поради една банална причина. Оланаре предолго се туширал. Додека Нигериецот уживал под тушот, сите останати негови соиграчи веќе се спремиле и си заминале од соблекувалната, па со автобусот биле пренесени до аеродромот, а од таму си заминале дома.

Оланаре бил збунет кога излегол од под туш и забележал дека нема никој од неговите соиграчи. Кога сфатил дека останал сам, побарал помош од еден локален навивач на Маниса, кој му повикал такси за да го однесе на аеродром.

Градовите Маниса и Ерзурум се одалечени дури 1.500 килоемтри, па фудбалерот морал со авион да се враќа дома затоа што патување со автомобил е дури 16 часа. Со авион се стигнува за два часа.

Фудбалерот кој има и седум настапи за нигериската репрезентација, европската кариера ја има започнато во Волеренга, потоа има играно за неколку кинески екипи, а бил дел и од рускиот гигант ЦСКА Москва. Оланаре во иднина сигурно ќе внимава колку долго ќе се тушира по завршување на мечевите, посебно кога играат на гости.

- Оглас -

Најнови вести