Фудбалерот со најмногу порази во Ла Лига се договори со Бетис

Реал Бетис и Хоакин ја продолжија соработката до 2021 година. Капитенот на шпанскиот прволигаш кој пред неколку дена постави неславен рекорд во Ла Лига како фудбалер со најмногу порази (179), останува верен на клубот каде што го заслужи статусот легенда.

Хоакин во два мандати има одиграно вкупно 365 натпревари, а при официјализацијата на новиот договор, Бетис објави интересно видео на „Твитер“, кое ги потресе навивачите.

Видеото почнува така што Хоакин најавува пензија, а потоа се случува пресврт, Хоакин со хеликоптер слетува на стадионот „Бенито Вилјамарин“ и со насмевка ја потврдува новата соработка.

https://twitter.com/RealBetis/status/1210161333464748034

- Оглас -

Најнови вести