Фудбалот во Англија стана страшен, брутален старт за директен црвен картон (Видео)

Вест хем убедливо со 4:1 го победи Лестер во меч кој покрај петте гола, ќе се памти и бруталниот старт на Ајозе Перес. Пред крајот на првото полувреме, играчот на Лестер брутално стартуваше директно врз ногата на Пабло и заслужено доби директен црвен картон.

Со овој старт на Перес само се потврдија тврдењата на тренерите на Манчестр јунајтед и Ливерпул, Оле Гунар Солскјер и Јирген Клоп, дека фудбалот во Премиер лигата сезонава станал премногу груб. И Солскјер и Клоп играта на теренот ја споредија со многу погрубите спортови како борење и рагби.

 

- Оглас -

Најнови вести