7.8 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Фудбалската суперѕвезда не сакаше да го познаат во Њујорк, па се камуфлира (Фото)

Бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар (33) привлече големо внимание за време на одморот во Њујорк, каде што во саботата беше виден во впечатлива розово-бела модна комбинација, а носеше и луксузна јакна од „Луј Витон“, вредна околу 5.000 евра.

Напаѓачот на Сантос се појави на Тајмс Сквер во друштво на својата партнерка Бруна Бјанкарди, носејќи скијачка маска преку лицето. Иако не го препознаа минувачите, неговата екстравагантна облека не остана незабележана.

Двојката уживаше во празничната атмосфера слушајќи божиќни песни додека се возеа со рикша низ срцето на Менхетен.

Престојот на Нејмар во Соединетите Американски Држави доаѓа во чувствителен момент од неговата кариера. Бразилскиот ас се подготвува за операција на коленото, со цел да ги зголеми шансите за враќање во репрезентацијата на Бразил пред Светското првенство следното лето, каде што Кариока ќе биде предводен од тренерот Карло Анчелоти.

Нејмар е најдобриот стрелец во историјата на Бразил, но неизвесно е дали ќе игра на СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести