Семафорот се уште не беше вклучен на националниот стадион во Дар Ес Салам, а веќе имаше пенал за Танзанија на дуелот со Мадагаскар.
Во првата акција на мечот голманот на гостите направи прекршок во четвртата секунда и беше досуден пенал што успешно го реализира Ерасто Ниони.
Tanzania [1]-0 Madagascar – Erasto Nyoni penalty 2′ from soccer
Ова е еден од најбрзите пенали во историјата на фудбалот и на меч од квалификации за настап на Светско првенство.
Танзанија успеа да го победи Мадагаскар во ефикасен меч со 3:2 и по две кола со 4 бода е лидер на табелата во Ј групата во африканските квалификации за пат во Катар.