Фудбалски спектакл на „Олд Трафорд“ како за крај на годината

Манчестер јунајтед и Барнли играат фантастично прво полувреме од последниот натпревар во Премиер лигата во оваа година.

По првиот дел, домашниот тим води со 3:1, но слободно можевме да видиме најмалку уште два-три погодоци.

Како што напоменавме, Кристијано Роналдо промаши голема шанса во петтата, а само три минути подоцна Скот Мектоминај ја отвори средбата.

Со автоголот на Бен Ми (27′), Манчестер поведе со 2:0, додека популарното „сиу“ на Роналдо одекна во 35-тата минута.

Веднаш потоа следуваше одлична соло акција и завршница на Арон Ленон за 3:1, со што се замина и на пауза.

- Оглас -

Најнови вести