Фудбалскиот Форест Гамп му кажа збогум на фудбалот

Стефан Лихштајнер ја заврши фудбалската кариера на 36-годишна возраст откако не успеа да најде сериозен ангажман за следната сезона.

Еден од најдобрите десни бекови во последните десеттина години, до јуни беше играч на германскиот Аугсбург, но договорот не му беше продолжен и на 36-годишна возраст одлучи да му каже збогум на фудбалот.

Лихштајнер со 108 настапи за швајцарската репрезентација е трет на вечната листа според бројот на натпревари, а постигна и 8 гола.

Поради динамичноста и брзината го доби прекарот фудбалскиот Форест Гамп, а си заминува од фудбалот со импресивна колекција од 17 трофеи.

Почна во најтрофејната екипа во својата земја, во Грасхоперс, а потоа продолжи во Лил, Лацио, Јувентус, Арсенал и сега кажува збогум по едногодишната авантура во Аугсбург.

Најмногу се задржа во Јувентус, од 2011 до 2018 година и со Старата дама има и најмногу трофеи, дури 14.

Беше дел од генерацијата што во сезоната 2011/12 ја започна страшната доминација во Серија А, која сè уште трае и му донесе на клубот 9 шампионски круни по ред. Лихштајнер учествуваше со одлични игри во 7 од нив, а има и четири пехари во Копа Италија со „црно-белите“ и три пехари во Суперкупот на Италија.

На почетокот на кариерата беше швајцарски шампион со Грасхоперс, а има и еден трофеј во Купот и Суперкупот на Италија со Лацио.

- Оглас -

Најнови вести