Фудбалскиот институт, ЦИЕС, со убаво признание за Стефан Ристовски: Капитенот на Македонија е меѓу највлијателните во хрватската лига

Фудбалскиот институт, ЦИЕС, кој се бави со статистички податоци за најважната споредна работа на светот, објави дека капитенот на Македонија, Стефан Ристовски, е еден од највлијателните играчи во хрватското првенство.

Десниот бек на нашата репрезентација е со најдобар учинок во ХНЛ во категоријата прецизни пасови, асистенции и клучни додавања за гол.

Обработени се 15 најразлични категории во фудбалската игра, а само пет клуба во НХЛ имаат победници во одбраните категории.

Веројатно ќе имаше место и за Аријан Адеми, кој е капитен на Динамо Загреб и еден од најдобрите и навлијателни играчи во хрватското првенство, но вториот македонски репрезентативец кај хрватскиот првак често беше повреден и не играше во континуитет оваа сезона.

Во ХНЛ играат и Дарко Велковски за Риека, Влатко Стојановски за Горица и Јани Атанасов за Хајдук.

 

- Оглас -

Најнови вести