Фудбалскиот Мундијал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија најверојатно ќе биде избрана за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година.

Во моментов таа земја е единствениот кандидат за организатор на Мундијалот кој че се игра по десет години. Официјалната потврда треба да се донесе на 11-ти декември, кога ФИФА ќе ги објави домаќините на Светските првенства во 2030 и 2034 година.

Домаќини на Светското првенство во 2030 година се знае ќе бидат шест земји, и тоа: Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Уругвај и Парагвај, со тоа што во јужноамериканските земји ќе се игра само по еден натпревар. Отворањето и првиот меч ќе биде во Монтевидео во Уругвај, по повод 100-годишнината од првото СП. 

Изборот на Саудиска Арабија се очекува да предизвика контроверзи и коментари, особено што пред само две години имаше Мундијал во арапскиот свет и тоа во Катар, но засега никој друг не се кандидираше, па Саудијците кои многу вложуваат во фудбалот ќе ја добијат честа да бидат домаќини.

- Оглас -

Најнови вести