Фудбалскиот Папа во Италија знае кој е новиот првак

Фабио Капело нема дилеми дека Интер ќе го освои Скудетото и веќе им честиташе на Нероаѕурите, кои според него се недостижни и ќе ја освојат 19. титула во Серија А.

Капело кој има статус на фудбалска икона на Чизмата вели дека Јувентус има покомплетен тим од Интер, што го прави уште поголем успехот на Антонио Конте.

„Веќе со недели наназад кажувам дека Интер веќе е шампион на Италија. Знаев уште од поразот на Милан против Специја, а и сега сум убеден дека ќе го освојат Скудетото. Јувентус е покомплетен како тим од Интер, што ја зголемува вредноста на подвигот на тимот што го води Антонио Конте. На Конте треба да му се честита за подвигот“, изјави Капело.

Дин Фабио како што го нарекуваат во Италија е еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот. Како кормилар на Милан освои четири Скудета и уште пет пехари во различни натпреварувања.

Беше шампион на Италија и со Рома во 2001 година и истата година со Волчицата го освои и пехарот во Суперкупот на Италија. Како тренер на Јувентус стаса до две шампионски круни во Италија, а и со Реал Мадрид двапати беше шампион на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести