Фудбалскиот суперагент во хуманитарна акција, му се приклучи и Роналдо

Португалија доби голема помош од фудбалскиот суперагент Жорж Мендеш, кој започна иницијатива за собирање средства со цел да се набави медицинска опрема за болниците во земјата. На ваков начин тој сака да учествува во борбата против коронавирусот, па воедно повика неколку негови клиенти, меѓу кои е и најпознатиот Кристијано Роналдо, да му се приклучат.

Засега Мендеш набави 200.000 заштитни комплети, а следно е да набави и 50.000 заштитни маски. Со здружувањето сили со Роналдо и неколку останати португалски фудбалери, земјата на актуелниот европски првак полесно ќе се избори против коронавирусот поради кој речиси целиот свет е во карантин.

 

- Оглас -

Најнови вести