Фудбалскиот свет се радува – Ериксен повторно е на терен, камбекот го зачини со асистенција (Видео)

Кристијан Ериксен повторно игра фудбал за радост на сите љубители на најважната споредна работа на светот, а денеска за првпат беше на терен и кам-бекот го зачини со асистенција за новиот клуб Брентфорд.

Данецот настапи за популарните Пчели на пријателски меч против Саутенд и имаше прецизно додавање за гол во победата на Брентфорд од 3:2.

https://twitter.com/BrentfordFC/status/1493262385557094402?s=20&t=t4sMZDTnk3Pst5oQM6AGHQ

Ериксен преживеа срцев удар на терен на 12 јуни, на премиерниот меч на Европското првенство меѓу Данска и Финска.

За среќа, успеа да ги прегрми најтешките моменти и во кариерата и во животот и по 8 месеци настапи на фудбалски меч.

Ериксен има вграден дефибрилатор, што му помага во контрола на срцето, а со взаемен договор го напушти Интер бидејќи во Италија не е дозволено да се игра со вакви помагала.

Во јануарскиот преоден рок се пресели во редовите на премиерлигашот Бретнфорд и денеска за првпат играше по 8 месеци пауза.

Беше на терен околу еден час, а потоа беше заменет и сега се очекува неговиот прв официјален настап за Брентфорд во англиското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести