Португалија во последното коло од квалификациите ќе мора да го осигури местото на Светско првенство 2026 година откако вечерва помина неславно на гостувањето кај Република Ирска и загуби со 2:0.
Ирците уште во првото полувреме дадоа два гола, а потоа домаќините успешно ја сочуваа предноста и стигнаа до трите бода.
Португалија не само што беше инфериорна, туку играчите на гостите беа и фрустрирани затоа што делуваа немоќно на теренот. Капитенот Кристијано Роналдо направи инцидент поради кој беше казнет со директен црвен картон во 61-вата минута.
Роналдо крвнички намерно со лакт директно го удри противничкиот играч. Главниот судија по прегледување на ВАР-снимката му додели на Роналдо директен црвен картон.

