Франција пред две години со 4:2 ја победи Хрватска во финалето на Светското првенство, а дека таа победа не е случајна, Галските петли потврдија и со две нови победи во последниве два месеци против истиот ривал. Откако минатиот месец во Париз беше 4:2 за домаќините, Коцкестите синоќа играа на свој терен во Загреб, но пак загубија.
Планетариот првак водеше со 1:0, а домаќините успеаја да израмнат. Егал беше сè до 79-тата минута, кога гостите изведоа совршена акција. Тоа беше мат во три потези од кој нема одбрана.
Погба прифати топка во својата половина и со долго додавање на страничната позиција го пронајде Дигне. Овој од прва, без да чека топката да падне, испрати центаршут во петерецот, а главен е Мбапе, кој реализираше без грешка. Хрватите едноставно не можеа да се одбранат од нападот во кој топката само за три секунди од половината на Франција заврши во голот на домаќините.
https://twitter.com/i/status/1316497380641046529