Фулам го растури Тотенхем и ја прекина црната серија која траеше 11 години (Видео)

Фудбалерите на Фулам во лондонското дерби со убедливи 3:0 го совлада Тотенхем во рамки на 29-тото коло во Премиер лигата.

Со победата, Фулам конечно ја прекина лошата серија во дуелите со Тотенхем во која 11 години немаш триумф над градскиот ривал.

Последен пат Фулам славеше со 1:0 во 2013 година и до вечерва имаше серија од осум порази и само едно реми во премиерлигашките дуели со Тотенхем.

Херој на Фулам беше Родриго Муњиз кој постигна два гола, првиот во 42-тата минута, а вториот во 61-та минута. Со овие два гола, Бразилецот потврди дека се наоѓа во одлична форма, на последните седум меча – седумпати ги тресеше противничките мрежи.

Во листата на стрелци се запиша и Саша Лукиќ за кого ова беше дебитантски гол во дресот на Фулам.

Фулам остана на 12-тото место на табелата со 38 бода, додека Тотенхем пропушти шанса со евентуален триумф да ја прескокне Астон вила на четвртото место на табелата.

Претходно Барнли со 2:1 го совлада Брентфорд, додека Лутон и Нотингам форест одиграа 1:1.

- Оглас -

Најнови вести