Фулам преку пеналите го исфрли Тотенхем од Лига купот

Фудбалерите на Фулам приредија изненадување во англискиот Лига куп со елиминацијата на Тотенхем. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, а победникот мораше да се одлучи во пенал-рулетот, каде што подобри пеналџии се покажаа играчите на Фулам.

Фулам поведе во 19-тата минута со автоголот на Ван де Вен, додека Тотенхем израмни во вториот дел кога Ришарлисон конечно постигна гол за Петлите.

Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник, по што веднаш се започна со изведувањето на пенали, каде што одлучувачкиот момент се случи во третата серија. Голманот на Фулам, Родак, го прочита шутот на Санчес, а потоа Тете и Палиња беа прецизни и го однесоа Фулам во следната рунда.

Вулверхемптон конечно проигра и со 5:0 го декласира Блекпул, а сигурни беа и останатите премиерлигаши, Луто со 3:1 го победи Гилингам, Кристал палас со 4:2 го совлада Плимут, Брентфорд преку пеналите беше подобар од Њупорт.

- Оглас -

Најнови вести