19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Фулам веќе купи билет за најскапиот меч сезонава, Кардиф ќе се обиде со подвиг да го украде шоуто

Фулам ќе го почне реваншот против Кардиф со предност од 2:0 вечерва од 20.45 часот, на легендарниот „Крејвен котиџ“ и домаќините се многу блиску до мечот на „Вембли“, што е скап и вреди цели 200 милиони евра.

Вкупниот победник од овој двомеч ќе игра против Брентфорд на Вембли во најскапиот меч сезонава, а финалето е закажано за 4 август, во истиот термин од 20.45 часот.

Се игра за третиот и последен билет за настап во Премиер лигата идната сезона, а само шампионот од плејофот ќе биде дел од англиската елита.

Новите премиерлигаши добиваат по околу 200 милиони евра, сума што веќе си ја обезбедија Лидс и Вест Бромвич албион.

Вечерва Фулам ќе се обиде да дојде на чекор до исполнување на сонот и има огромна предност од два гола против Кардиф од првиот меч.

Интереесно е што двата полуфинални двомеча се меѓу англиски и велшки екипи, а како што тргнало, ќе има сеанглиско финале за пласман во Премиер лигата.

Вчера Брентфорд со победа од 3:1 на домашен терен против Свонси ја анулира негативата од првиот меч од 0:1, а денеска ќе се знае кој ќе му биде ривал во финалниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести